Николоски: Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето државјанство на Онишченко

„Пред еден месец јавно истакнав дека АНБ се злоупотребува и дека се врши прислушкување и следење на врвот на опозицијата. На тоа нема никаков демант ниту реакција, напротив АНБ мистериозно знае кој каде оди и со кого комуницира од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме следени со месеци за тоа имаме кредибилни информации, а можеби и со години“ рече денеска на прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, најдобар доказ се пропустите во низа и затоа јасно велам – Законот за АНБ е добар, но имплементацијата е катастрофална.

„Во однос на имплементацијата недостасуваат два клучни елементи – првиот е внатрешна контрола и вториот департизацијата преку тестирањето на полиграф на вработените во службата. 15 месеци не се спроведува членот 53 и членот 54 од Законот за АНБ. Со не именување на шеф на внатрешна контрола има отсуство на надзор врз мерките кои АНБ ги спроведува против опозицијата како и испитување на конкретни случаи како оној со Онишченко“ вели Николоски.

„Кој сега во отсуство на шеф на внатрешна контрола ќе изготви вонреден извештај за пропустите во вршењето на безбедносната проверка? Да ве потсетам дека така почнува судирот во безбедносните служби, кога СДСМ реши да не направи кворум на својот директор Виктор Димовски на седницата за контрола на работата на АНБ и АР, кога требаше да се избере директор за внатрешна контрола. Затоа што веројатно клановите во рамки на СДСМ, кои што сакаат да ја контролираат АНБ не можеа да се договорат помеѓу себе. И така АНБ 14 месеци нема директор за внатрешна контрола и никој не го спроведува контролирањето во АНБ иако тоа е клучен сегмент и не случајно собраниската комисија дава дозвола за предлогот“ соопшти Николоски.

Тој побара „Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето на Македонско државјанство на белосветскиот криминалец – Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина“.