Николов и Начевски ќе ја делат правдата на финалето на Африканското ракометно првенство

Најдобрата ракометна судиска двојка од Северна Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, вечерва го судат финалето на Африканското првенство. Нашите арбитри се во центарот на финалниот натпревар помеѓу Египет и Зеленортските Острови. Тие, исто така, судеа во групната фаза и во елиминациските натпревари на Африканското првенство.

Натпреварот меѓу Египет и Зеленортските Острови ќе се одигра вечерва од 21 часот.