Николов и Начевски обвинети за местење на натпревари

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е обвинета за местење натпревари во периодот од септември 2016 до ноември 2017 година.

Начевски и Николов се ставени во групата на осум судиски двојки кои во овој период земела учество во мечеви кои според „Спортрадар“ се многу сомнителни.

Според „ТВ2“ кој го пренесува извештајот на „Спортрадар“ кој бил подготвен во 2018 година се работи за вкупно 26 натпревари од највисоко ниво, ЛШ, репрезентативни дуели за кои постојат знаци дека се наместени.

„Спортрадар“ се сомнева дека еден од мечевите е дуелот меѓу Киелце и Веспрем во 2017 година, кој бил суден токму од Начевски и Николов. Исто така и пресметката меѓу Горење и Целје во СЕХА лигата е спорна, а и таму правдата ја делеле македонските арбитри.

За Начевски има и потешки обвинувања дека е поврзан со криминални организации и лица со историја на местење натпревари.

– Интелигенциските и истражувачки служби детекгирале дека судијата Ѓорѓи Начевски има неклку конекции со групи за организиран криминал, – стои во извештајот.

Македонската арбитри добиле можност да проговорат за овие информации за медиумот „ТВ2“, но одбиле да дадет коментар.

Меѓу другите споменати имиња на судии се и оние на Матија Губица и Борис Милошевиќ кои негирале дека се вклучени во било каква мрежа за местење натпревари.

Во наводно спорните мечеви го има и Вардар. Се споменува пресметката меѓу Веспрем и македонсктие „црвено-црни“ која заврши нерешено 28-28 во декември 2016 година. На полувреме исто така беше нерешено 12-12. ТВ2 направи анализа на тој меч, и пишуваат дека на пет секунди до крајот на Вардар му бил доделен непостоечки пенал. Тој меч бил суден од хрватската двојка Губица – Милошевиќ.