Николовски: Министерот за земјоделие Трипуновски треба да си поднесе оставка
,,Министерот Трипуновски вечерва видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка, реагира Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство во владата на СДСМ.

-Замислете блокирани се 130 милиони евра европски пари – средства што требаше да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови вработувања, а тој зборува за глупости, демагогии и неосновани обвиненија.
Овие пари не се бројка на хартија. Тоа требаше да бидат неповратни грантови за наши земјоделци, за млади луѓе кои вложиле труд, пари и надеж дека државата и Европа стојат зад нив.
Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати – тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.
Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази.
Но ќе бидам јасен, најмалку што треба да се случи е оставка на министерот Цветан Трипуновски. Впрочем истата ја бараат и земјоделците и синдикатите и здруженијата на земјоделци.
Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен.
Јас нудам помош и конкретни решенија. Истите ќе ги понудам на неговиот наследник, и на секој кој има капацитет и желба да мисли добро за државата, вели Николовски.