Членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски во емисијата „10 минути“ на ТВ21 вели дека граѓаните може да бидат сигурни дека нема да има енормони ценовни шокови на електричната енергија, снабдувањето со греење ќе се одвива непречено и идната грејна сезона, а наскоро можат да очекуваат и повторно да добијат дневна евтина тарифа за струјата, соопштуваат од СДСМ.
Кризниот енергетски штаб на владата како и досега будно ја следи состојбата и реагира да се донесат правилни мерки, кои и понатаму ќе им даваат сигурност на граѓаните дека државата е тука за нив, истакна Николовски, додавајќи дека опозицијата ширеше црни сценарија за рестрикции, енормно покачување на струјата и низа други работи со кои ги заплашувше граѓаните, но ништо од тоа не се случи.
Николовски нагласи дека сега кога грејната сезона заврши, може да се констатира дека периодот што измина е успешен и дека снабдувањето со греење ќе биде непречено и идната грејна сезона, без оглед на степенот на оштетувањата и реконструкцијата на мостот Беласица, бидејќи има уште еден алтернативен вод кој што се наоѓа на железничкиот мост.
Членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски нагласи дека одлука за дневна евтина тарифа на струјата носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која веќе ги прави анализите.