,,Знаете дека ВМРО – ДПМНЕ во изминативе скоро месец дена изнесе бројни сознанија поврзани со скандалозниот избор на надзор за еден вака значаен проект како што е изградбата на автопати во Македонија, автопати во Македонија треба да се градат и мора, но начинот на избор на надзор каде што главните изведувачи се компании за производство на долна облека доволно кажува која е несериозноста.Артан Груби да си поднесе оставка” – вели Николовски во најновото издание на Трилинг.
Прашавме како да се толкува оставката на Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ во Трилинг.
,,Екстремно лоша политика во енергетиката каде што многу се потфрла и каде што Македонија непотребно потроши стотици милиони евра во изминативе години. Но не мислам дека оставката е резултат на признание на неспособност, повеќе мислам дека е резултат на внатрепартиски клановски битки помеѓу старото и новото раководство на СДСМ,, – истакна Николовски.
,,Федерализација не е можна, таа се случува.Македонија во моментов има функционална и јазична федерализација. Македонија веке на хартија не е, но во пракса е федерална држава.
Ние го предлагаме хрватскиот модел бидејки покрај тоа што мислиме конечно Македонскиот народ треба нешто да добие во овие 30 години македонска држава, затоа што тоа беше предлог на власта. Неколку пред конференции на димитар ковачевски годинава тој предлага хрватски модел а воедно и на Бујар Османи” – истакна Александар Николовски во најновото издание на Трилинг.
,,Судството е апсолутно селективно. Јас ова нема да го кажам прв пат,мислам дека бев и прв што го кажа во јавност дека постои коалиција во која што поранешниот директор на управата за безбедност и контрасознавање треба да биде амнестиран, и годиниве покажаа дека е амнестиран, преку вакви судски преведи кои што ги споменавте” – истакна Николовски.
,,Ако тоа е одлуката на уставниот суд , во тој случај треба да се намали коефициент за сложеност на трудот и на тој начин да се прилагодат платите на она што се плати сега. Втор дел е немањето основен дијалог во јавноста на кој што ке зборуваме отворено за работите .А тоа е кои се мотивите на лугето кои што влегуваат во политика” потенцираше Николовски.