Николовски ги донираше дневниците од службените патувања во минатата година

Николовски донираше средства од дневниците за службени патувања во странство од минатата година.Изборот на ова здружение беше направен на настанот посветен на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.Организиран беше од „Countryside”, Ранковце и Европската куќа Крива Паланка. Оспособување на инвалидска количка на лице со попреченост и поддршка на маргинализирани лица од Крива Паланка ке бидат овозможени благодарение на донацијата од министерот.Донацијата министерот ја достави до здружението „Пинк сапорт”( Pink Support) од Општина Ранковце.

– Токму на настанот по повод трети декември, посветен на лицата со попречености, дадов збор дека оваа година дневниците од службените патувања во странство за цела 2022 година ќе ги донирам на здружението за маргинализирани лица „Пинк сапорт” од Ранковце. Зборот е збор, тие средства ги предадов на здружението, а дел ќе бидат наменети за да ја оспособиме количката на Делфина Стоилковска, лице со инвалидитет, дел за поддршка на лицата со инвалидитет од општините Ранковце и Крива Паланка, изјави Николовски.

Марија Дибиаџио, одговорна во здружението и во „Countryside Retreat” е благодарна на поддршката.Таа истакна дека средствата ќе се распределат кадешто се најпотребно.

Праксата на Николовски да поддржува и помага е континуирана. Дневниците од 2021 година за службени патувања во странство ги додели во Општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка за новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливи категории, за што по повод Денот на волонтерството – 5 Декември му беше врачен пехар на хуманоста за 2022 година.