Николовски: Во нашата македонска Тоскана закројуваме винова лоза за среќа, за богат и квалитетен род

Министерот Љупчо Николовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски учествуваа на закројувањето лозја во Тиквешијата.

„Нема лозар кој денеска не е во лозјето, со света вода и вино, повикувајќи го св. Трифун да ги благослови лозите, за и оваа година да дадат богат род. Традиционално, заедно со премиерот Димитар Ковачевски во Тиквешијата, нашата македонска Тоскана закројуваме винова лоза за среќа, за богат и квалитетен род, за уште една добра винска година.

„Ние сме винска земја, која успешно се избори за своето место на светската винска мапа.

Денес, во Регистарот на производители на вино се запишани нови 95 мали винарии, денес имаме рекордни 123 регистрирани мали винарии од вкупно 164 регистрирани винарски визби. Тоа е огромен успех!

Покажавме како се работи искрено и партнерски, а со успехот кој заеднички го постигнавме испишавме нова историја во винскиот сектор.

Нека е за многу години св Трифун, и како што вели нашата традиција кога се закројуваат лозјата се испраќа следниов благослов: Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш!“ – рече Николовски.