,,Мислам дека по сите разговори до сега, приоритетна работа е внесување на одредени групи во Уставот. Не станува збор само за бугарите, станува збор веројатно и за хрватите, црногорците, колку што знам и за еврејската популација, сите тие кои што поднеле некакви барања во оваа насока. Дали другите елементи или другите прашања кои што претставуваат потреба да бидат внесени на одреден начин во Уставот во овој период не сум сигурна дека тоа е приоритет. ” – истакна Маргарита Цаца Николовска – поранешна судијка и член на експертската група за уставни промени.
,,Мислам дека ќе биде хендикеп тоа што опозицијата не е во работната група. Приоритетна работа е внесување на одредени групи во Уставот. Мандат имаат пратениците да постапуваат во целокупниот политички живот, немаат они мандат само врз основа на тоа што одредени политички партии дали е позиција или опозиција во дадениот момент размислуваат.” – вели Николовска.
Во однос на многубројните одлуки во Стразбур за прекршените права на македонците кои живеат во Бугарија се постави прашањето дали постојат правни инструменти на кое таа возврати:
,,Постојат правни инструменти постојат и одредени други институции кои сето тоа можат да го расчистуваат и разрешуваат.Првиот институт и првиот инструмент е преку извршување на одлуките а тоа е преку следење на извршување на одлуките од страна на комитетот на министри кој што е дел од светот на Европа.Преку работата или преку утврдувањето колку одлуките се извршуваат е состојба која што треба да се следи, која што треба да се детектира и да се реагира. Македонија пред извесно време во оваа насока беше многу пасивна. Меѓутоа сега почнува една поголема кампања и во комитетот на министри генерално гледано а и од наша страна да се извршуваат тие одлуки на европскиот суд на човекови права. Одлуките на европскиот суд за човекови права се облигаторни за одредената држава. Друго прашање колку од тие одлуки други држави можат да црпат искуство.Меѓутоа во дадената насока, во даденото извршување на овие одлуки Бугарија треба да стори многу работи. Бугарија има одреден обид, меѓутоа тој обид е прашање колку е релевантен за извршување на одлуките” – изјави Николовска.
,,За независното судство законските одредби во најголем дел задоволуваат стандарди на избор, разрешување, дисциплинска постапка итн .Во делот на непристрасност дел постојат инструменти преку системот на иземање меѓутоа она што е најважно е што политиката односно политичарите се уште не ги тргнале рацете од изборот, разрешувањето, дисциплинската постапка и од самото правораздавање.” – вели таа.