„Јас пишувам уште од малечка, имам издадено 6 книги, мојата публика се градеше, се поврзавме со публиката преку социјалните мрежи. Се разви влијанието затоа што е убаво да се има влијание, да знаеш дека она што го правиш на некого му значи“ – вели Ксенија Николова – инфлуенсерка и писателка во најновото издание на Трилинг.
28.000 луѓе ја следат Николова на Инстаграм, а за процесот на соработка со клиентите таа вели:
„Сум интроверт, сакам нештата сами да ме привлечат. Соработките може да се најразични, најблиски ми се оние каде што сум најслободна. Се што се пласира кај мене генерално е она што јас сум. Сум расчистила со преправања, се што правам – правам многу искрено“.
Николова вели и дека „пораката кај мене најмногу се препознава“.
На податокот дека инфлуенерите од Србија 99% живеат од оваа професија, таа вели:
„Јас живеам од повеќе работи, ако си уметник во оваа земја, познат е факторот време. Во Македонија е многу тешко да се заработува од уметност, бев трпелива, ништо не се случува преку ноќ“.
„За мојот приватен живот многу малку се знае на социјалните медиуми, не е пред очите на јавноста, моите лични работи успешно си ги задржувам за себе. Расте бројот на инфлуенсерите, но не се станува преку ноќ. Патот е потрнлив отколку што се мисли“ рече Николова.