Никола Јокиќ му купил часовник „ролекс“ на секој српски кошаркар од Олимписките игри, потрошил 357.500 долари

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ реши да им се „отвори“ на соиграчите од репрезентацијата по освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, бидејќи реши на сите да им подари скап часовник Ролекс.

Како што пренесува Блиц, Јокиќ на сите соиграчи им купил часовник Ролекс, модел „Космограф Дејтона“.

Според проценките, секој од овие часовници поединечно вреди околу 32.500 американски долари, што значи дека најдобриот српски кошаркар за подароци искеширал сума од вкупно 357.500 долари.

Првиот модел на овој часовник е направен во 1963 година, а оттогаш компанијата секоја година се обидува да го подобрува и усовршува неговиот механизам, за часовникот да биде што е можно посигурен и совршен.