Никола Јакимоски го фати крстот положен во водите на Охридско Езеро

Никола Јакимоски е среќниот фаќач на крстот кој беше положен во водите на Охриското Езеро.

Свештеникот кој ги освети водите, рече дека Никола од Охрид е оној кој годинава го фати крстот, а не е од Варош.

Години наназад, крстот од водите го вадеше момче од населбата Варош.

Никола посака здравје и среќа за сите, а заедно со другите кои се фрлија во водите на Охридското Езеро испеаја пригодна црковна војорданска песна.