Никогаш нема да се откажам од борбата за слобода и правда, порача Харис и го призна изборниот пораз
Актуелната потпретседателка на САД и претседателска кандидатка од редовите на демократите, Камала Харис, официјално го призна изборниот пораз. Во своето прво обраќање по објавата на изборните резултати, Харис рече оти го признава поразот, но дека не се откажува од борбата за слобода и правда.

„Основниот принцип на американската демократија е дека кога ќе изгубиме избори, ги прифаќаме резултатите. Тој принцип, како и секој друг, ја разликува демократијата од монархија или тиранија“, рече Харис во своето обраќање и додаде оти секој што бара доверба од јавноста мора и да ја почитува.
Порача дека и покрај поразот ќе остане доследна на својата посветеност да се бори за слободата, можностите, правичноста и достоинството на сите луѓе. Рече дека никогаш нема да се откаже од борбата за иднина во која Американците ќе може да ги остварат своите соништа и амбиции.
„Иднина во којашто жените во Америка имаат слобода да донесуваат одлуки за своето тело, а нивната влада да не им кажува што да прават. Никогаш нема да се откажеме од борбата да ги заштитиме нашите училишта и нашите улици од оруженото насилство“, рече Камала Харис во својот говор.