„Низок удар“ за Хари и Меган

Откако се искачи на тронот, кралот Чарлс III доби свои монети, а наскоро во јавноста ќе бидат објавени банкнотите од фунти со неговиот лик.

Дополнително, штотуку е објавен нов официјален портрет на кралското семејство, а во него ги нема Меган Маркл и принцот Хари.

Имено, за својот прв официјален семеен портрет откако седна на тронот, кралот Чарлс ги собра само своите најблиски – Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и неговата сопруга Камила.

Новиот тесен круг на луѓе со кои се опкружува кралот јасно покажува кои се најблиску до него. Меган Маркл и принцот Хари не беа меѓу луѓето од доверба, што е уште еден доказ за нивниот статус, коментираат познавачите на приликите во Британија.

Бакингемската палата го објави портретот на Инстаграм, а многумина ја протолкуваа одлуката да се остават Меган и помладиот син на кралот надвор од сликата како крунски доказ дека тој не ги смета за дел од семејството.

По смртта на кралицата Елизабета, Хари и Меган се вратија од САД во Лондон, а се шпекулираше дека повторно сакале да се зближат со принцот од Велс и со кралот Чарлс. Сепак, според извори од Бакингемската палата – тоа не им оди.

Чарлс одби сам да се сретне со Меган, а на Кејт и Вилијам се вели дека им било крајно непријатно дури и да одат во погребната поворка покрај Меган, која последните две години ги помина постојано клеветејќи го кралското семејство.