Грција е единствена земја членка на ЕУ која има проблем со македонските пасоши и старото име на државата, Република Македонија. Иако шефот на дипломатијата Бујар Османи го оспоруваше ова, сепак министерот за внатрешни панче Тошковски денеска изворно го прочита документот што стигнал во МВР на од Брисел на 19 ти февруари, гостувајќи во радио емисија на Канал 77. Тој порача дека граѓаните треба да ги знаат фактите и кој им ги создава маките со личните документи.
Земјите членки изразуваат разбирање за прашањата и волја за надминување на пробемот преку изнаоѓање на законско решение во најкус можен рок…DG Nome,тоа е главен директорат во ЕУ, повтори дека одржа состанок на Комитетот за патни документи било покажано разбирање и флексибилност во однос на техничката природа на прашањата. Со оглед на тоа дека само Грција извести дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата. Во принцип, тоа значи дека граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во другите земји членки, но конечната одлука за прифаќање на старите пасоши е на самата земја членка и тоа може да го направи без навремено да ја информира ЕУ“, прочита министерот Тошковски.
Министерот за надворешни, Бујар Османи пред неколку дена изјави дека министерот за внатрешни работи погрешно го интерпретира ставот на Европската комисија за тоа дали во ЕУ ќе се признаваат пасошите со старото уставно име. Нигде не ја спомена Грција, тврдеше дека официјален допис министерството добило само од две држави. Едната е Швајцарија која известила дека ќе дозволува движење со пасошите со старото уставно име. Другата е Босна и Херцеговина која информирала оти нема да ги признава ниту пасошите ниту личните карти со старото име.
Во меѓувреме, министерот Тошковски останува на ставот дека треба да се смени Законот за патни исправи продолжувајќи го рокот на важноста на документите до Нова Година и така да се реши хаосот со пасошите.
Засега министерот информираше дека граѓаните со сигурност ќе влезат без пасоши, но со лични карти на кои стои името Република Македонија, во Косово, Србија и Албанија.
Хаосот со личните докуемнти се создаде откако граѓаните побрзаа да го фатат рокот од 12 февруари 2024-та за да ги сменат личните документи со новото име на државата согласно Преспанскиот договор, а власта беше далеку од спремна да испорача нови документи за 2 милиони граѓани