Нигериец со американски пасош нападнал полицаец во Градски парк
Вистинска драма се одвивала рано утрово пред познат угостителски објект во Градскиот парк во Скопје. Полицијата морала да интервенира и да приведе странски државјанин кој физички нападнал службено лице, а притоа бил вооружен.Инц идентот се случил во 4:30 часот, кога забавата во паркот сè уште траела.

Според СВР Скопје, лишен од слобода е 37-годишниот У.И.У. по потекло од Нигерија, кој поседувал и се легитимирал со американски пасош и лична карта. Странецот физички нападнал полициски службеник кој во тој момент извршувал службени дејствија пред локалот.
Она што го прави случајот многу посериозен е тоа што напаѓачот бил вооружен. При претресот, полицајците кај него пронашле пиштол марка „Глок“, две рамки со вкупно 30 куршуми.Тој не поседувал дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за нападот врз полицаецот и за недозволеното поседување оружје.