Специјалн единици „Кобри“, кои го штитат српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигнале степенот на заштита на највисоко можно откако му експлодирала гума во возилото, дознава Курир.
Кобрите одлучија да го подигнат нивото на заштита на претседателот на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент кога се откачи тркалото од возилото во движење во кое се наоѓаше Вучиќ, пишува Курир.
Разгледувајќи ги сите околности и крајно опасната ситуација на која беше изложен шефот на државата, одговорните за неговото обезбедување решија максимално да ги заострат мерките за заштита.
(ВИДЕО) Гума излетала од автомобилот на Вучиќ, тој е неповреден