Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството.

Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Брно во Чешка.

Душко Чифлиганец е син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, а веќе полго време работи и е дел од раководните структури семејната компанија „Адора“.

Иако со хеликоптер од Брно бил префрлен во главниот дел на Прага и лекарите сториле се за да го спасат неговиот живот по 24 часа тој сепак им подлегнал на повредите.

Во несреќата која се случила вчера на официјална мотоциклистичка трка околу 16 часот тој се здобил со сериозни повреди на неговата глава.

Поради оштетувањата на мозокот тој бил во кома и приклучен на апарати, а уште во текот на вчерашниот ден неговото семејство заминало за Прага каде со лекарскиот тим ги разгледало сите можни опции за спас на неговиот живот.

Тој подолг период живее во Дубаи, а позната е неговата љубов кон спортскиот мотоциклизам за што има добиено поголем број на престижни награди.

Душко Чифлиганец се бори за живот по тешка сообраќајка на мото-трка во Брно