Тошко Јорданов – претседателотот на пратеничката група на партијата „Има таков народ“ во Бугарија по одржувањето на синочешниот коалициски совет рече дека не е сигурен дека нема да има изненадување околу ветото за Македонија.
„Следејќи го коалицискиот совет за С. Македонија, со ваков тип на коалициски партнери, не можеме да бидеме сигурни дека нема да има никакво движење околу С. Македонија“ – изјави за тв „Нова“.
Претставници од сите четири коалициски партии синоќа дебатираа за ова прашање. Заклучокот е дека евентуалното укинување на ветото за членство на земјава во ЕУ ќе мора да помине преку гласање во Националното собрание.
Јорданов смета дека коалиционите партнери посочи дека не треба да разговараат за С. Македонија, туку за разговорите со европските дипломати и дадените ветувања до нив во последните 4 месеци.
Истакна дека притисокот за укинување на бугарското вето доаѓа од неколку земји од ЕУ.
„Работиме врз основа на потпишан коалициски договор. Ако го почитуваат – нема проблем. Ако не го почитуваат – последиците ќе бидат кај нив“ – рече тој.