(Не) реално со Моџо: Цените растат, само платите се стабилни – ниски

По (не) реалните ставови на Моџо, следува и анализата на младиот политиколог – Димитар Христов

„Владата прогласи кризна состојба – што значи струја можеби ќе има, можеби ќе нема. Прв кризен момент е што ни РЕК нема струја – и тие се префрлија на дрва“.

„Не е кризата само во енергетскиот сектор, пораснати се и трошоците за живот, ама ако е живот ова секој ден да се занимаваш со Морачанин, Заев, Николовски, Ахмети, Османи – па тоа според Дарвин, се коси со живот – така ни се погоди, лоша карма“.

„Цените растат, само платите се стабилни – ниски – единствено се стабилни и чорапите 3 за 100-ка“.

Ова се дел од поентите на Моџо Килингтон во вечерашниот „Трилинг“.

По (не) реалните ставови на Моџо, следува и анализата на младиот политиколог – Димитар Христов.