Не поминаа измените на Изборниот законик – се усвои амандман, но немаше бадинтер
Собранието на вонредна седница денеска гласаше за предлог измените на Изборниот законик со кои независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да соберат потписи од 0.95 проценти од запишаните во Избирачкиот список за конкретната општина или Град Скопје.

Во рамки на комисиската расправа, Левица поднесе амандман со кој процентот 0,95 се заменува со 0,5, што беше прифатено од сите, освен од Европскиот фронт.
Откако предлог измените се вратија на пленарна седница, за нивно усвојување гласаа 66 пратеници додека 18 беа против.
Но, во гласањето на немнозинските заедници, 11 гласаа „за“, а 18 пратеници „против“, со што предлог измените не беа усвоени поради немање на Бадинтер.
Покрај процентот на потписи, една од измените предвидуваше и дефинирање на интернет порталите согласно Законот за медиуми.