
На поканата од премиерот Димитар Ковачевски упатена до парламентарните партии за одржување на лидерска средба пристигна негативн одговор од претседателот на Левица Димигар Апасиев, чија порака до јавноста гласи: „Со нас не можат да се договараат како со вмровците. Ние сме тврд орев“.
Премиерот средбата ја најави за во понеделник на која пред сѐ би се разговарало за можноста од уставни измени со цел интензивирање на активни преговори со Европската Унија. Свое присуство најавија опзициските партии на Албанците, а денеска присуство најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.