Воздухот во Скопје вечерва е екстремно загаден, ваква информација е објавена на веб страната на Министерството за животна средина. Град Скопје денеска испрати демант дека градот во 48 часа не бил загаден во последните 48 часови притоа ја подучи јавноста од каде треба да ги гледаме податоците за степенот на загаденост.
Ова е официјалната страна на Министерството за животна средина каде може да се забележи колку загадувањето во градот во овој момент е енормно.
При ваква загаденост препораките е да се не отвараат прозорците и граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат никаква потреба.
Скопје Инфо утрово објави дека скопјани дишат загаден воздух, а градот се најде на 11-то место во светот. На 13-то место се најде Белград, на 15-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје.