Следува период на многу топло време со натпросечни температури. Ова е предупредувањето од УХМР околу временската прогноза за следните неколку дена.
Поради тоа што Македонија влегува во портокалова фаза, Владата вчера донесе препорака бремените жени и постарите лица да не доаѓаат на работа.
Пеколни температури има и во соседството, поточно во Грција каде што неколку туристи починаа од топлото време.
Ситуацијата е алармантна и во Турција, каде што е пеколно топло.
Денеска и утре се очекува температурите да бидат и до 45 степени.