
Не запираат реакциите за искинати и стари учебници, од МОН се правдаат дека доставата на новите не е завршена
Не запираат реакциите на родителите чии што деца наместо нови учебници, како што беше ветено, добија стари и искинати. Некои од учениците, пак, за дел од предметите воопшто не добија книги, туку само насоки од наставниците да направат фотокопии.
Не запираат реакциите на родителите чии што деца наместо нови учебници, како што беше ветено, добија стари и искинати. Некои од учениците, пак, за дел од предметите воопшто не добија книги, туку само насоки од наставниците да направат фотокопии.
-Син ми доби само два учебника, по Математика и Природни науки, и тоа стари, оштетени и со испишувани страници. За останатите ни беше речено да направиме копии, револтирано реагира мајка на петтооделенец.
Овие родители прашуваат по кој критериум биле делени книгите, односно како била носена одлуката кои училишта да добијат нови, а кои стари
Затоа од Министерството за образование, побаравме одговор за тоа колку од учебниците кои се поделени се нови, а колку досега користени? Како и на прашањето дали се планира некакво решение или учениците ќе учат од фотокопии?
Од Министерството за образование велат дека испораката се уште не е завршена, но и дел од одговорноста ја префрлија на училиштата.
-Министерството за образование и наука годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребни количини на учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици по кои недостасуваа седум години!
Најголем дел од тиражот, над 90% се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот, одговорија од МОН за ,,Фокус”.
Извор: Фокус