„Не е точно дека немаше обрасци за пасоши“: Спасовски не се чувствува виновен за хаосот со документите

Не е точно дека немаше обрасци за пасоши, во 2023 сменети се скоро 600 илјади пасоши, вели екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„До 2019 година во летните месеци мај-јуни-јули сме стигнувале до 25-26 илјади патни исправи месечно за производство. Во 2023 година се сменети скоро 600 илјади пасоши, значи на месечно ниво се менувале околу 50 илјади документи“ рече ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не е точно дека немало обрасци за пасошите и праша како се издадени еден милион и 300.000 пасоши ако немало обрасци.