„Не е реално Ѓоковиќ да се рехабилитира до Вимблдон“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе го пропушти Вимблдон поради повреда на коленото.
Одлуката на Новак Ѓоковиќ да се повлече од Ролан Гарос можеби и не беше толку неочекувана, бидејќи српскиот тенисер веднаш по победата во осминафиналето го најави таквото сценарио.
Повредата на менискусот е доста честа појава кај спортистите, а тежината на истата, болката и периодот на рехабилитација се различни, но евидентно е дека треба да помине уште малку време за се да се регенерира како што треба.
Новак Ѓоковиќ официјално не објави дека ќе го пропушти Вимблдон, но според докторот Антоан Геромета, кој во средата го оперираше Ѓоковиќ, не е реално српскиот тенисер да игра на Вимблдон.
Според него, мали се шансите целосно да закрепне за само три недели, открил докторот во изјава за „Лекип“.