„Лидл“ во Аеродром: Не дојдовме само за бизнис, посветени сме на растот, развојот и поддршката на производителите

-Целта е на нашите потрошувачи да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето и секако по поволни цели.  Многу е важен развојот на пазарната економија, па јас како претставничка на „Лидл“ тука би сакала да ја потенцирам нашата долгорочна посветеност која ја имаме и кон граѓаните. Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку посветени сме на растот и на развојот и на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и поддршка на локалните производители, чии производи веќе се пласирани на другите пазари на „Лидл“, рече Драгиска-Денчева. 

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен салон од 1200 метри квадратни и 57 паркинг места.

-Ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста.

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Виде

Според Мицкоски, со оваа инвестиција Македонија добива нова енергија и нови работни места и е потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. Овој проект, оцени, е почеток на ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, со поголема конкуренција и подобри услови за граѓаните.

Мицкоски потсети дека инвестицијата на „Лидл“ во Македонија се одолговлекуваше и беше заглавена, но оти по изборот на Владата е откочена и ставена меѓу првите приоритети.

– Менаџментот на Лидл ја прифати нашата  забележа за  зголемување на застапеноста на домашното производство и на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се грди доверба кај потрошувачите дека македонското  е најдобро. Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во Македонија, туку веќе се на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше  5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте, рече Мицкоски.

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба.

Извршниот претставник на „Лидл“ Милена Драгиска-Денчева истакна дека на оваа нова локација во општина Аеродром ќе се гради по најсовремените меѓународни стандарди и нема да понуди само современ физички изглед, туку ќе биде изградена и од еколошки градежни материјали, со фокус на енергетската ефикасност.

-Целта е на нашите потрошувачи да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето и секако по поволни цели.  Многу е важен развојот на пазарната економија, па јас како претставничка на „Лидл“ тука би сакала да ја потенцирам нашата долгорочна посветеност која ја имаме и кон граѓаните. Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку посветени сме на растот и на развојот и на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и поддршка на локалните производители, чии производи веќе се пласирани на другите пазари на „Лидл“, рече Драгиска-Денчева.

Таа изрази благодарност за поддршката и помошта до сите институции, на централно и на локално ниво.

– Наша огромна радост е за неколку месеци да ги отвориме вратите за граѓаните на општина Аеродром и за граѓаните на Македонија. Се надеваме дека со нашата работа ќе ја заслужиме и вашата доверба и можеби ќе станеме претпочитано место за пазарење, нагласи Драгиска-Денчева.

На поставувањето на камен-темечникот на новиот продажен маркет на „Лидл“ присуствуваа , вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.