„Не го допирајте Законот за јазиците!“- една од пораките на протестот за полагање правосуден на албански

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студенти протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студенти протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, а дел од нив упатија и директни пораки до правосудните институции и Уставен суд на Република Македонија.

„Не го допирајте Законот за јазиците!“, беше една од пораките на протестот, проследена со скандирања за одговорност и оставки.

Протестот започна пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда.

Сообраќајот од овие улици ќе биде пренасочен, а МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.