Нејмар по повредата: Ова е најтешкиот момент во мојот живот

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (31) заработи повреда во репрезентативниот дрес, која најверојатно ќе го оддалечи од терените цела сезона.

Во судиското надополнување падна на тревникот, по што на носилки беше изнесен од теренот, а по деталните тестови резултатите покажаа дека има кинење на вкрстените лигаменти на левото колено, а оштетен е и менискусот.

– Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овојпат ќе ми треба уште поголема поддршка од пријателите и семејството. Не е лесно да се помине нова повреда и операција само четири месеци по закрепнувањето. Се надевам на Бог и оставам се во негови раце. Ви благодариме за поддршката и пораките за поддршка – напиша Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Сега ќе мора да оди на долгорочно опоравување, а сето тоа тешко ќе им падне на сопствениците на богатиот саудиски Ал Хилал, кои мора да му платат околу 400 милиони евра за две години со сите бонуси.

И нема да биде на теренот…