![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/11/facebook-instagram-twitter1-1200x675-1-750x430.jpg)
„Нетфликс“, „Гугл“, „Фејсбук“ ќе мора да плаќаат ДДВ во Македонија
„Нетфликс“ (Netflix), „Гугл (Google)“, „Мета“ (компанијата што стои зад Фејсбук и Инстаграм), „Епл“ (Apple) сите ќе плаќаат данок на додадена вредност (ДДВ) во земјава. Ова е предвидено во измените во Законот за ДДВ, кои се во собраниска процедура. Според текстот на Законот, данокот во име на овие компании ќе го плаќаат даночни застапници, и тоа од 1 јули годинава, објаву Bloomberg Adria.
На пример, досега за да ги гледате омилените серии на „Нетфликс“ плаќавте електронски. Од тие пари компанијата што нуди услуга во земјава не ѝ плаќаше данок на државата. Слично е и со некоја апликација што сте ја симнале од „Плеј стор“ (Play store) и за тоа сте ѝ платиле на компанијата, но таа не ѝ платила данок на Македонија.
Ова треба да се смени од 1 јули годинава, до кога овие компании имаат обврска да изберат даночен застапник што во нивно име ќе плаќа данок кон македонската Управа за јавни приходи (УЈП).