Нетанјаху: Целосно ќе ги елиминираме воените способности на Хамас, ќе се бориме и ќе победиме

„Луѓе на Израел, синоќа дополнителни израелски копнени сили влегоа во Газа пред портите на комплексот на злото. Целите на оваа војна се многу јасни: целосно да се елиминираат воените способности на Хамас и да се обезбеди ослободување на заложниците“ порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој додаде дека едногласно била донесена одлука за проширување на копнените операции и во воениот кабинет и во нашиот кабинет за политичка безбедност.

Притоа Нетанјаху нагласи дека сето ова било направено на добро обмислен начин со цел ја обезбедување на безбедноста на нивните војници.

„Во текот на изминатите неколку дена имав можност да се сретнам со војници во базите и на југ и на север. Имаме исклучителна армија со посветени војници, од еврејско и нееврејско потекло, секуларни, од лево до десно крило. Сите тие се обединети и исполнети со борбен дух каков што досега не сум видел. Тие се подготвени да се борат против суров и немилосрден непријател. Нема друг непријател толку безмилосен како овој со кој се соочуваме. Тие се обидуваат да се одмаздат за ужасните дела извршени врз нашите деца, сестри и браќа. Тие се посветени на искоренување на ова зло и, за доброто на целото човештво, ние мора да ги поддржиме. Целото население и израелското раководство го делат ова верување. Како што вели нашата света Библија: „Морате да се сетите што ви направи Амалек“. Се сеќаваме и се бориме“ порача тој.

Нетанјаху потсети дека нивните храбри војници и борци во Газа, околните региони и низ Израел се придружуваат на синџирот на еврејски херои, наследство кое се протега наназад илјадници години, од Џошуа бен Нун до хероите од 1948 година, Шестдневната војна, Октомвриската војна од ’73, и сите други конфликти.

Тој потенцираше дека цинизмот на нивните непријатели нема граници и дека тие вршат воени злосторства, користејќи ги жителите на Газа како жив штит и болниците како штабови за терористички активности.

Многу луѓе ширум светот сега го разбираат она што го расправаме со години: Израел не само што води сопствена војна; ова е војна за човештвото, битка против варварството. Нашите сојузници, западните партнери и арапскиот свет сфаќаат дека доколку Израел не победи во оваа војна, тие би можеле да бидат следните.

Тој предочи дека во овој момент нацијата се соочува две опции: да постои или да престане да постои.

„Во моментов сме пред еден таков тест, а не се сомневам во исходот. Ќе излеземе како победници. Нашата борба во Газа ќе биде долга и предизвикувачка, но ние сме подготвени за тоа. Ова е нашата втора војна за независност. Ќе се бориме за заштита на нашата татковина на земја и во воздух. Ќе го елиминираме непријателот и над и под земја. Ќе се бориме и ќе победиме. Ова ќе биде триумф на доброто над злото, светлината над темнината, животот над смртта. Во оваа војна, ние стоиме заедно, цврсто обединети повеќе од кога било, сигурни за нашата праведна кауза. Ова е мисијата на нашите животи и во име на сите вас се молам за безбедност и мирно враќање на нашите сонародници. Бог да ги победи оние што се креваат против нас и да им донесе спасение и победа на нашите трупи. Ќе се бориме и ќе победиме“ – заклучи Нетанјаху.