Нетанјаху по ликвидацијата на лидерот на Хамас: Победи доброто над злото
„Граѓани на Израел, Јахја Синвар е мртов. Одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена“, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема да остане на власт во Појасот Газа.
„Граѓани на Израел, Јахја Синвар е мртов. Одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена“, рече Нетанјаху.
Тој ги предупреди членовите на палестинскиот Хамас дека нивните водачи „ќе бидат елиминирани“, додавајќи дека на секој милитант што ќе ги ослободи заложниците и ќе го положи оружјето ќе му биде дозволено „да оди и да продолжи да живее“.
Тој исто така имаше порака до жителите на Газа, велејќи: „Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но всушност се криеше во мрачно дувло – и беше убиен кога панично бегаше од нашите војници“.
Тој ја нарече смртта на Синвар „важна одредница во падот на злобното владеење на Хамас“.
Израелскиот премиер вети дека Хамас „повеќе нема да владее со Газа“, а убиството на Синвар е „почеток на крајот на Хамас“.
Тој, исто така, инсистираше на тоа дека преостанатите лидери на Хамас ќе бидат „елиминирани“.
Нетанјаху рече дека светлината преовладува над темнината во Газа, Бејрут и на целиот Блиски Исток. Тој рече дека регионот сега има можност да ја запре „оската на злото“ и да создаде „иднина на мир“ и „просперитет“.
„Денеска повторно разјаснивме што се случува со оние кои нè повредија. Денеска уште еднаш му ја покажавме на светот победата на доброто над злото“, рече израелскиот лидер.