
Нетанјаху нуди пари на други земји за да населат Палестинци
Според висок израелски функционер, меѓу земјите споменати во тие разговори се Јужен Судан, Сомалиленд, Етиопија, Либија и со Индонезија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отвори нов бран реакции со изјава дека Израел разговара со неколку држави за можна преселба на Палестинци од Газа, објави Асошиејтед Прес.
Според висок израелски функционер, меѓу земјите споменати во тие разговори се Јужен Судан, Сомалиленд, Етиопија, Либија и со Индонезија.
За возврат, земјите бараат „значајна финансиска и меѓународна компензација“.
Јужен Судан вчера ги нарече извештаите „неосновани и не го одразуваат официјалниот став“ на државата. Сличен став претходно изнесе и Сомалиленд.
Индонезија, пак, најави дека може да прифати 2.000 Палестинци на лекување, но со услов да се вратат во Газа по закрепнувањето.
– Сите оние кои велат дека се загрижени за Палестинците и сакаат да им помогнат на Палестинците треба да ги отворат своите врати. Зошто доаѓаат и ни проповедаат?! Отворете ги вашите врати – изјави Нетанјаху.