Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „има датум“ за влез на израелската армија (ИДФ) во градот Рафа, кој се наоѓа на границата на Појасот Газа и Египет.
„Ние работиме цело време за да ги постигнеме нашите цели – ослободување на сите заложници и постигнување целосна победа над Хамас“, рече Нетанјаху во видео-обраќање, пренесува Тајмс оф Израел.
Тој додаде дека Израел не може да победи во војната против Хамас без воена операција во Рафа.