Нетанјаху: Израел ја врати контролата на границата со Египет во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја врати контролата врз границата на Појасот Газа со Египет како дел од проширената мисија за „неутрализирање“ на палестинската милитантна група Хамас.

Нетанјаху во саботата изјави дека „војната е на врвот“ и дека тампон зоната на коридорот Филаделфија, која се протега долж границата на Газа со Египет, „мора да биде во рацете на Израел“, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека војната меѓу Израел и Хамас ќе продолжи „многу месеци“.

– Војната ќе продолжи се додека Хамас не биде елиминиран и заложниците не бидат ослободени. Гарантираме дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел – рече Нетанјаху.