Најважниот приоритет на Израел во Газа е уништувањето на Хамас, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека тоа ќе се изврши заедно со враќањето на заложниците кои ги држеше Хамас.
Тој рече дека и двете тие цели се дел од планот за ставање крај на војната одобрен од „највисокото ниво“ на неговата влада, пренесува Ројтерс.
„Ова не е нешто што го додавам сега. Тоа не е нешто што го додавам затоа што сум под притисок во коалицијата. Ова е нешто за што едногласно се согласивме во воениот кабинет“, рече Нетанјаху.
Израелскиот кабинет синоќа расправаше за последниот предлог за ослободување на заложниците и прекин на огнот, претставен од САД.