Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени кога автобус падна од карпа во западно Мексико, соопштија локалните власти.
Обвинителството во Најарит, мексиканската држава во која се случи несреќата, соопшти дека автобусот паднал од висина од 15 метри, на автопатот што го поврзува главниот град на државата Тепиќ и туристичката дестинација Пуерто Ваљарта.
Најмалку 11 повредени малолетници се пренесени во болници на медицинска помош, објави Ројтерс.
Mexico bus plunges off cliff, at least 18 die https://t.co/TwGF7dnTja pic.twitter.com/xQMRVTDDGU
— Reuters (@Reuters) May 1, 2023