Несреќа во Колумбија: Најмалку три лица загинаа на автомобилско шоу

Најмалку три лица загинаа откако АТВ (четирицикл) влета меѓу гледачи на автомобилско шоу во југозападна Колумбија, соопштија локалните власти.

Најмалку три лица загинаа откако АТВ (четирицикл) влета меѓу гледачи на автомобилско шоу во југозападна Колумбија, соопштија локалните власти.

Според досегашните информации за синоќешниот инцидент, повредени се 38 лица, објави на социјалните мрежи Хуан Карлос Муњос, градоначалник на градот Попајан, каде што се случи трагедијата.

Како што се гледа од снимките споделени на социјалните мрежи, возилото се движи по патека со препреки и одеднаш свртува кон публиката. Возачката на возилото не успеала да ја задржи контролата по една каскада, по што возилото излетало од трасата, пробивајќи ги металните бариери меѓу патеката и публиката.

– Нашата тага е длабока – напиша Муњос на Х.

Тој изјави дека наредил „детална истрага“ за да се разјасни сè околу инцидентот, кој „никогаш не смееше да се случи“.