Момче (19) почина откако беше тешко повредено во понеделникот во несреќа во Луна паркот во Пефкохори, на Халкидики.
Младиот човек дошол со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. За жал, забавата тргнала наопаку кога му се скршило столчето на на конзолата на која седел.
Набрзо на лице место пристигнала брза помош и младиот човек веднаш бил пренесен во болница, но не бил спасен.
Тој бил прогласен за мртов набргу по приемот.
Полицијата го уапсила сопственикот на забавниот парк, а истрагата е во тек.