Сараево вечерва се искачи на врвот на листата на градови со најмногу загаден воздух во светот, откако со мерни инструменти е утврдена концентрацијата на штетни материи опасни по здравјето на луѓето, пренесе агенцијата Хина.
Според податоците кои ги објави порталот AQAir, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина во вечерните часови изнесувал 317, што укажува на екстремно ниво на опасност по здравјето. Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, била 53,4 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).
Така Сараево стана град со најзагаден воздух во целиот свет, а веднаш зад него се градовите како Лахоре во Пакистан, Дака во Бангладеш и Калкута и Делхи во Индија, но со индекс на загаденост кој сè уште е значително помал и се движи од 229 до 298 година.
И покрај драматичните показатели за состојбата на воздухот, градските власти на Сараево не прогласија вонредни мерки ниту воведоа никакви ограничувања.
Како главна причина за загадувањето во Сараево се смета т.н мали ложишта, односно јагленот, кој се уште го користат голем број домаќинства за греење, како и несразмерно голем број автомобили кои возат низ градските улици, од кои повеќето со застарени мотори. Локацијата на Сараево во сливот значително придонесува за загадувањето, што создава ефект на „контејнер со капак“ во зимските денови кога нема ветер, како што е сега.