Хрватските медиуми јавуваат дека утринава околу 5.30 часот автобус со полски регистрации излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб и според првичните информации има неколку загинати и повредени
Информациите се дека несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец, а „Јутарњи лист“ информира за најмалку 11 лица загинати на лице место, додека 34 лица се повредени.
Според првите информации, автобусот околу 5:30 часот излетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално се претпоставува дека возачот заспал на воланот.
Полицијата е на местото на настанот и истрагата е во тек.