Иран денеска ги отфрли обвинувањата дека доставувал ракети и беспилотни летала во Русија, употребени од руските сили во инвазијата на Украина.
Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, објави на Твитер дека за прашањето телефонски разговарал со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел
Амир-Абдолахиан ги отфрли како „неосновани” тврдењата дека Иран испраќа проектили и беспилотни летала за Русија. Тој во објавата вели дека Иран има одбранбена соработка со Русија”, но и дека „испраќањето оружје и беспилотни летала против Украина не е наша политика”.