Необична глетка во Турција: Снимен розев облак како вселенска чинија

Необичен розов облак утрово се појави при изгревањето на сонцето во Бурса. Иако изгледа дека зад себе крие свемирско летало, тоа е всушност природен феномен, односно лентикуларен облак или леќест облак.

Леќестите облаци се познати по својата многу интересна заоблена форма која навистина наликува на „летечка чинија“. Тие обично се формираат на надморска височина повисоки од 2000 метри.

 

“Овие чудни облаци се познати по тоа што се формираат кога ветрот дува надолу по рид или планина. Тие изгледаат многу како летечки чинии од научна фантастика. Се верува дека леќестите облаци се едно од најчестите објаснувања за НЛО”, според Британците.

 

„Кога ветрот дува над планинскиот венец, понекогаш создава големи бранови на воздух; како брановите што се формираат во реката кога водата тече преку пречка. Ако има доволно влага во воздухот, движењето на бранот нагоре ќе предизвика водената пареа да се кондензира, создавајќи уникатен изглед на леќести облаци“, додава  Дејли Мејл.

На социјалните мрежи брзо се појави снимка од овој облак со коментари дека наликува на НЛО или женски гениталии. „Многу интересно, исто како филмот Alien“, објави еден корисник на Твитер.