Ненад Савески предложен од Владата за нов државен јавен обвинител

На денешната владина седница е прифатен предлогот Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител.

На денешната владина седница е прифатен предлогот Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител.

Следниот чекор е негов избор во Собрание на Република Северна Македонија, каде за изгласување се потребни најмалку 61 пратенички глас.

Според извори на Фокус, Ненад Савески треба да го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.

Ненад Савески доби позитивна оценка од сите десет членови на Совет на јавни обвинители.