
Нема повеќе протести пред Собранието: Просторот ќе биде безбедносна зона
Сите пратенички групи во Собранието се согласија просторот околу Собранието да го прогласат со закон за безбедносна зона со што ефективно ќе треба да бидат забранети протестите пред законодавниот дом. И плус ќе биде забрането да се гради околу него, што значи дека ќе отпадне и катната гаража на приватниот инвеститор што требаше да биде залепена околу зградата.
Сите пратенички групи во Собранието се согласија просторот околу Собранието да го прогласат со закон за безбедносна зона со што ефективно ќе треба да бидат забранети протестите пред законодавниот дом. И плус ќе биде забрането да се гради околу него, што значи дека ќе отпадне и катната гаража на приватниот инвеститор што требаше да биде залепена околу зградата.
Во Собранието денес пристигна предлог-закон за прогласување на просторот за безбедносна зона, поднесен по скратена постапка од седум пратеници. На тој предлог се потпишани Африм Гаши, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Борислав Крмов, Блерим Беџети, Весна Бендевска и Блерим Ќоку.
Законот, кој веќе влезе во втората фаза на читање, предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу законодавниот дом, вклучувајќи и забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.
Овој потег доаѓа во период на зголемени тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции кај јавноста и граѓанските организации поради потенцијалното ограничување на уставно загарантираните слободи.
„Со Предлогот на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона ќе се овозможи слободен пристап на пратениците, надворешните лица кои учествуваат во работата на Собранието (претставници на Владата и на органите на државната управа и на други органи) и на вработените во Службата на Собранието, во просторот околу Собранието и истовремено ќе се заштити објектот, пратениците, Службата и просторот околу Собранието кој е прогласен за безбедносна зона за искористување за потреби, кои не се на Собранието и објектите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а се во границите на безбедносната зона“, се наведува во образложението на предлог-законското решение.
Дополнителна причина за носењето на ваков закон е што една парцела во непосредна близина на Собранието пред 12 години стана сопственост, односно беше купена од а компанијата „Анго“ која на неа требаше да гради катна гаража. По години никаква активност на терен од страна на компанијата, изградбата на катната гаража се актуелизираше во втората половина на минатата година.