
Фудбалската федерација на Македонија ќе издвои 200.000 евра за нова трева на стадионот со кој стопанисува ПУИГ, односно Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
„Нема повеќе да се брукаме. Итно влегуваме во поставување на нов модерен терен. Ќе бидат потребни шест до осум недели и против Англија ќе играме на најубав терен“, вели за спортспорт.мк првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Станува збор за хибриден терен како на Маракана во Белград со микс од вештачка (70%) и природна (30%), трева.