Нема закажана седница на Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент на која ќе се разгледува бугарскиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Парламентарната комисија ќе биде свикана најверојатно во четврток, според Бугарската национална телевизија (БНТ).
Според БНТ, членови на комисијата од владејачката коалиција оценуваат дека гаранциите кои ги дава тој документ се добри за Бугарија и според нив Скопје треба да преземе ангажман пред ЕУ да го промени Уставот и да ги впише Бугарите како државотворен народ, и ако Северна Македонија не го направи тоа, нема да има преговори со ЕУ и соодветно на тоа нема да биде кренато ветото.