Нема договор за цената на струјата што ќе се купува Бугарија
Работните групи од Северна Македонија и Бугарија денеска не постигнаа договор околу цената по која ќе се откупува струјата во наредните неколку месеци за да се ублажи ценовниот шок и недостатокот.
На денешната средба во Софија, прва од овој формат на работни групи, треба да се прецизираат трошоците и цената на транспортот на базната струја односно евентаулниот закуп на прекуграничните капацитети кај нашиот сосед.
Македонската делгација ја водат директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани како и Виктор Андонов, советник на премиерот Димтар Ковачевски. Според неофицијалните ифнромации во текот на наредната недела ќе се одржи уште една средба на работните групи а тоа се должи на фактот што договор мора да се постигне до крајот на месецот.
Проблемот околу цената по која ќе се купува струјата од Бугарија е што оваа држава е членка на ЕУ каде важат стриктни регулативи за продажба на електрична енергија на слобдниот пазар. Според неофицијалните инфромации нашата делегација очекува да добие цена пониска за најмалку 15 отсто од онаа во моментот на берзата или некаде под 400 евра за мегават час.
Договорот за помош со електрична енергија начелно беше постигнат на 5 септември кога во Софија се сретнаа премиерот Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев. Иако на заедничката прес конференција премиерите не соопштија прецизни информации ли детали, потврдија дека станува збор за количина од околу 5 гигавати дневно кои Северна Македонија би ги купувала од Бугарија.