Според информациите на хрватскиот портал „24сата“, резултатите од ДНК анализата на ножевите, што требаше да утврди кој го убил 28-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис покажале дека нема отпечатоци на ниту еден од уапсените хулигани на Динамо Загреб, кои во август дивееја пред стадион во Атина.
На видео снимките се гледа дека навивачите на Динамо за време на тепачката не носеле ракавици.
Покрај тоа, полицијата на местото на конфликтот пронашла разни предмети, како што се скршени шишиња, крвави парчиња облека, меѓу кои и два ножа.
На еден од нив имало траги од крв, но се уште не е утврдено со кој нож бил убиен грчкиот навивач.
Како клучен доказ полицијата ги смета тие два ножа.
На ниту еден од тие предмети не се пронајдени отпечатоци на хрватски државјани, кои се уште се наоѓаат по грчките затвори.